ПОДДРШКА ЗА СИТЕ НАС КОИ СМЕ ДИРЕКТНО ВКЛУЧЕНИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА!

Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението „За нас“ апелира до сестринската професија во нашата држава на истрајност, пожртвуваност и одговорност кон можеби и најголемиот предизвик со кој се соочува светската популација – заштита од корона вирусот!
 
„Во моментов сестринската професија е најзагрозена категорија на здравствени работници кои се соочуваат со секакви неприлики. Ние сме во најблизок контакт со сите пациенти, било да се незаразни или заразни. Да се почитуваме, немаме резерви!“ – се дел од коментарите кои циркулираат низ социјалните мрежи.
 
Токму затоа сакаме да дадеме поддршка за сите нас кои сме директно вклучени во борбата против пандемијата. Започнувајќи од докторите, медицинските сестри и целиот помошен персонал.
 
Воедно,
 
Да апелираме најстрого и во целост да се применуваат препораките од Светската здравствена организација и превентивните мерки на кои укажува нашата влада;
 
Да делуваме здравствено воспитно на нашите пациенти и на целата наша околина со цел да ја подигнеме јавната свест и совест за превенција;
 
Да споделуваме и препорачуваме се што официјално го наложува Министерството за здравство и

Да си помогнеме на работните места, да се надополниме и да ја изразиме нашата хуманост кон пациентите и кон нас самите.

Во знак на поддршка Унијата Ви благодари и Ве охрабрува сите Вие кои сте најдиректно изложени да ни се обратите за се што сметате дека е проблем, да споделите информација или побарате помош која би ја проследиле понатаму, со цел да имаме резултати од нашите интервенции.
 
Елена Кавракова
Лице за администрација и комуникација со членови
kontakt@zanas.mk
+389 70 40 69 27

  
 








Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
12.4.2024
Почитувани вчера се одржа првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во офталмологијата“. Настанот се одржа во Скопје, хотел „Континентал“ во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
Види детали

Тагови

Архива на вести