Пријава за тим за развивање на онлајн програми
Почитувани,
во моменти кога сите активности се одложени и се оневозможени сите извиднички активности, Сојуз на извидници на Македонија треба да понуди алтернатива со начини на продолжување со програмата.
Интернетот нуди многу можности за оддржување на онлајн состаноци, курсеви, туторијали за работилници итн.Наша задача како сојуз е да идентификуваме работилници/активности/програми, кои извидниците би можеле да ги реализираат од дома, со што квалитетно би го пополниле своето слободно време (време кога не идат на училиште и остануваат дома) и би ги развиле своите вештини.
За таа цел, отвараме повик за волонтери за развивање на онлајн програма.
Секој заинтересиран волонтер кој сака да помогне во развивање на онлајн содржини и нивна промоција, нека се пријави во продолжение.
Повикот за волонтери е отворен до петок 20.03.2020, а тимот со работа ќе започне во сабота (21.03.2020).
Ви благодариме и чувајте се,
Со почит,