ПЕТИЦИЈА: Одложено плаќање на кредити од небанкарски институции

ПЕТИЦИЈА: Одложено плаќање на кредити од небанкарски институции

Started
March 24, 2020
Petition to
Влада на Република Северна Македонија and
Petition Closed
This petition had 1,879 supporters

Why this petition matters

Started by Граѓанска иницијатива - Аваја

Корона вирусот и вонредната состојба ги погодија граѓаните кои се најсиромашни и истите не може ги плаќаат сметките, да обезбедат храна за семејството, како и да ги плаќаат ратите од кредитите кон банките и другите небанкарски институции (финансиски институции кои даваат брзи он-лајн кредити и кредитни фондации).

Ги поздравуваме економски мерки кои ги донесе Владата во врска со одложеното плаќање на кредити кон деловните банки, меѓутоа не се опфатени  другите финансиски институции како на пример: Кредисимо, Тиго, Мкеш, Иуте, Форца, Хоризонти, Манимакс и други.

Веруваме дека голем број на граѓани имаат тековни кредити во горенаведените институции и истите се задолжени месечните рати да ги плаќаат навремено без оглед на сегашната кризна состојба.

Во време кога голем број од луѓето се невработени, отпуштени од работа, пратени на принудни одмори, не може да продаваат, и се спречени да заработуваат, истите не се во можност да одговорат на барањата на небанкарските институции да ги исплатат месечните рати при што постои голема опасност  населението да навлезе во уште поголема криза и сиромаштија

Затоа бараме од Владата мерката за Одлагање и реструктурирање на отплатите на кредитите за фирми и граѓани да ја прошири и да ги опфати и небанкарските институции (Финансиски институции – брзи кредити и он-лајн кредити и кредитни фондации).

Мерката за реструктурирање на кредитите (одложување на плаќањето) на месечните рати за заеми од небанкарските финансиски институции треба да стапи на сила Веднаш, бидејќи обезбедувањето на основна егзистенција за семејствата треба да има приоритет, а не плаќањето на кредитот.

Оваа мерка треба да им овозможи на семејствата поголема финансиска сигурност и преживување во периодот додека трае вонредната состојба.

Petition Closed

This petition had 1,879 supporters

Share this petition

Share this petition in person or use the QR code for your own material.Download QR Code

Decision Makers

  • Влада на Република Северна Македонија
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
  • Министерство за економија на Република Северна Македонија
  • Министерство за финансии на Република Северна Македонија